Утрински Весник
Свет

Украина: Руските сили се повлекуваат и ги рушат мостовите

Руските војници се повлекуваат и ги рушат мостовите со цел да го попречат можното напредување на украинските сили, тврди денеска регионалниот гувернер на регионот Николаев, Виталиј Ким.

Тие се плашат од пробив на украинските вооружени сили, но ние не се плашиме и ги поддржуваме нашите војници, напиша Ким на Телеграм, пренесува агенцијата АП.

Американската агенција во извештајот наведува дека регионалниот гувернер на регионот Николаев не прецизирал каде точно се одвива повлекувањето на руските сили.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата