Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите како геостратешки важни

Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јон Еуген Гелштад, амбасадор на Норвешка за земјава.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната – како држави партнери во НАТО.

Констатирано е дека пред светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина.

На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа.

Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

Претседателот на Владата, Ковачевски, се заблагодари на амбасадорот Гелштад за искреното пријателство со Норвешка, како држава којашто го поддржа членството на Северна Македонија во НАТО, којашто преку донации помага во реформските процеси во клучни области како што се правосудството, животната средина и одбраната и оцени дека е време да се унапредат трговските односи помеѓу двете земји.

Соопштено е дека во Северна Македонија се гледаат потенцијали за инвестирање, при што е разговарано за можните области и начини на соработка.

Можете да прочитате

Директорот на Царина за извештајот на ЕК: нотиран висок напредок во областа Царинска унија – преземени значителни чекори за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

Првичните сознанија не укажуваат дека студентката од Косово, која беше пронајдена мртва во Тетово, била убиена