Утрински Весник
Свет

(Видео) Русија: Распоредуваме хиперсонични ракети „Циркон“, девет пати побрзи од звукот

Русија соопшти дека го завршила тестирањето на својата хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ и дека пред крајот на годината ќе ја распореди на нова фрегата од нејзината Северна флота.

„Ројтерс“ пренесува дека Александар Мојсеев, командант на Северната флота, рекол дека фрегатата „Адмирал Головко“ ќе стане првата која постојано ќе биде вооружена со „Циркон“. Претседателот Владимир Путин го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација на системи за оружје какво што нема никој друг и дека патува девет пати побрзо од звукот.

Хиперсоничните ракети „Циркон“ се истрелани од брод или подморница. Првото официјално пробно лансирање беше во октомври 2020 година и тогаш летаа со брзина од 9 маха. Други тестови се спроведуваа од октомври 2020 година на рускиот Арктик, главно од фрегатата „Адмирал Горчков“.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум