Утрински Весник
Свет

Шолц: Германија испраќа модерни противвоздушни ракети и радарски системи во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во средата дека неговата земја ќе испрати модерни противвоздушни ракети и радарски системи во Украина, по критиките дека Берлин не прави доволно за да му помогне на Киев.

Шолц им рече на пратениците во Бундестагот дека владата одлучила да и обезбеди на Украина ракети ИРИС-Т развиени од Германија заедно со другите земји од НАТО.

Тој рече дека Германија ќе и достави на Украина радарски системи за да помогне во лоцирањето на непријателската артилерија, за да ги заштити големите градови од руските воздушни напади.

Најавите на германскиот секретар уследија по критиките на домашната и меѓународната јавност дека Германија не и испраќа доволно оружје на Украина, кое и е потребно за да се одбрани од Русија, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата