Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од струмичко за доиздржување на затворска казна

Вчера во 15.45 часот во с.Ангелци, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од село Ангелци.

Тој бил баран по распишана потерница за доиздржување затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Пожар во импровизиран објект во Скопје

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени