Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен: Заборавете на пејачки и танчери, сакаме да гледаме фудбал

Марко ван Бастен, легендата на Милан и холандската репрезентација, жестоко ја критикуваше УЕФА.

Најмногу поради она што се случуваше пред финалниот меч во Париз помеѓу Реал и Ливерпул.

На Холанѓанецот не му се допаднало тоа што кубанско-американската пејачка Камила Кабељо пеела пред почетокот на финалето.

„Сакаме да гледаме фудбал, но наместо тоа мораме да гледаме како некој пее со танчери околу него. УЕФА и ФИФА се обидуваат да заработат пари на фудбалски натпревари. Тргнете се од нас, ние сакаме да гледаме фудбал“, рече Ван Бастен.

Реал во финалето славеше со голот на Винисиус Јуниор во 59. минута за 1-0.

> Ван Бастен: Заборавете на пејачки и танчери, сакаме да гледаме фудбал <

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино