Утрински Весник
Свет

Ескобар: Се надевам дека и Србија ќе ѝ воведе санкции на Русија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека се надева дека Србија ќе им се придружи на другите земји од Западен Балкан и ќе воведе санкции кон Русија по формирањето на новата влада во Белград.

„ Речиси сите земји од Западен Балкан се согласија на некој начин да ја натераат Русија да ја плати цената за таа (инвазија) преку санкции, преку поддршка за Украина и нејзиниот народ. Се надевам дека Србија ќе се приклучи на таа група и дека ќе се усогласи со санкциите кога ќе ја формира Владата“, рече Ескобар во онлајн обраќањето на Самитот за демократија на Југоисточна Европа во Будва.

Тој на собирот на кој присуствуваа претставници од САД, ЕУ, Велика Британија и од Западен Балкан, рече дека Србија е единствената земја во регионот која не воведе санкции кон Русија.

Американскиот пратеник го поздрави фактот што и ЕУ и НАТО ја потврдија „политиката на отворени врати“.

„ Мислам дека е важно ЕУ да ја потврди својата политика на отворени врати. И таа политика не се однесува само на Украина и другите земји во ризик, туку нè потсетува и дека уште шест земји се во ред пред Украина“, посочи Ескобар.

Тој посочи дека земјите од Западен Балкан постигнале „огромен напредок“ и „импресивни реформи“ и изрази надеж дека Европа ќе го спроведе она што го кажува денес кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште