Утрински Весник
Свет

Eмбаргото на руската нафта ќе биде болно и за ЕУ ​​и за Москва, вели австрискиот канцелар

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ембаргото на ЕУ за руската нафта ќе биде болно за членките на Унијата, но и за Москва, смета австрискиот канцелар Карл Нехамер.

„Одлуката да се воведе ембарго за нафта е мерка која сама по себе ќе биде болна за земјите членки“, рече Нехамер по пристигнувањето на вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

„Но, треба да бидеме реални, тоа што ќе го трпиме не е ништо во споредба со она што мора да го поднесе украинскиот народ“, додаде тој.

Доцна синоќа лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија сега делумно да забранат увоз на руска нафта како дел од шестиот пакет санкции против Москва.

Согласно оваа одлука ќе биде забранета руската нафта што се доставува со танкери.

Договорот ќе забрани 90 отсто од рускиот увоз на нафта до крајот на годината.

Нехамер рече дека ембаргото за гас нема да биде вклучено во овој нов пакет санкции.

„Ситуацијата со гасот е поинаква бидејќи нафтата може полесно да се компензира“, додаде тој.

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година