Утрински Весник
Македонија

Османи патува во Вашингтон за Сратешкиот дијалог со САД

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на престојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, информираат од ресорното министерство.

Од таму потсетуваат дека Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува, како што велат, ваков значаен процес со САД.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи ќе оствари билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк органзиации.

 

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

Во среда ќе биде погребан Владо Јаневски

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН