Утрински Весник
Свет

Канада ја замрзнува продажбата и купувањето оружје

Канада објави закон кој подразбира „национално замрзнување“ на продажбата и купувањето пиштоли и револвери, како дел од пакетот за контрола на оружјето во оваа земја.

Новиот канадски закон, доаѓа само една недела откако вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца учители во нивната училница во американската сојузна држава Тексас.

Премиерот Џастин Трудо им рече на новинарите дека се потребни нови регулативи додека насилството се зголемува.

„ Доволно е само да погледнеме јужно од нашата граница, да знаеме дека ако не преземеме акција силно и брзо, ќе биде се полошо и полошо и ќе ни биде потешко да се спротивставиме“, нагласи Трудо.

Најавеното „замрзнување“ на набавката на оружје вклучува исклучоци, кои ги вклучуваат спортските стрелци, олимписките спортисти и членовите на обезбедувањето, а на Канаѓаните кои веќе поседуваат пиштоли ќе им биде дозволено да го задржат.

Властите не очекуваат зголемена понуда на оружје во пресрет на „замрзнувањето“, делумно затоа што тоа е веќе строго регулирано, изјави владин претставник на прес-конференција.

Канада има построг закон за оружје од САД, а стапката на убиства со огнено оружје е помала од една петтина од онаа на САД, но таа е повисока отколку во другите богати земји и расте, така што во 2020 година беше пет пати поголема отколку во Австралија.

Можете да прочитате

Абориџините обвинуваат дека компанијата „Рио Тинто“ предизвикала пресушување на свет извор со вода

Северна Кореја ги избриша од Уставот одредбите за обединување со Југот

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер