Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, градот има активен договор за горива

Градот Скопје ги демантира информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.

„ За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, се уште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање“ велат од Градот Скопје.

Оттаму апелираат да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.

Можете да прочитате

Археолози во Охридско езеро ја пронајдоа најстарата населба во Европа стара од 6000 до 8000 години (ВИДЕО)

Изгоре дел од црква во скопско, чадот предизвика сообраќајка кај автопатот Скопје-Куманово

Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола