Утрински Весник
Спорт

ИН МЕМОРИАМ: Почина Лефтер Бошковски, еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет

На 81-годишна возраст, денеска во Скопје, почина еден од основоположниците на модерниот ракомет во Маедонија, тренер и селектор, Лефтер Бошковски.

Бошковски е една од најголемите личности во историјата на македонскиот ракомет, професор и поранешен селектор на македонската репрезентација. Ракометните чекори и образование го стекна во Романија, за потоа професионално да продолжи во Македонија. Во својата тренерска кариера беше селектор на женскиот сениорски национален тим, тренер на РК Вардар, Работнички и Кометал ЃП.

Низ последните години од професионалната кариера го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик, кој беше расадник на млади македонски таленти. Работеше и во младинските академии на Академија Алушовски, КЛ7, Голден Арт.

Во неговата богата тренерска кариера засекогаш ќе остане запаметен и трофејот со Вардар на првото издание на меѓународниот струшки турнир.

> ИН МЕМОРИАМ: Почина Лефтер Бошковски, еден од основоположниците на модерниот македонски ракомет <

Можете да прочитате

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство

Реми на македонските ракометари со Австрија