Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата песни „Место за бегство“ на Вања Изова Велева

На 31 мај (вторник) со почеток од 19:30 часот, на „Зелената тераса“ на покривот на ГТЦ, ќе се одржи промоција на книгата песни „Место за бегство“ на Вања Изова Велева.

Интермедијалната промоција се очекува да биде еднакво воодушевувачка како и сите претходни – со читање поезија, визуелно доживување на зборот придружен со музика и славење на уметноста. Вања Изова Велева е добро позната на македонската книжевна сцена, има објавено десет поетски книги, а нејзини песни се преведени на неколку светски јазици. Таа е поетеса со зрела имагинација и автентичен лирски израз.

„Место за бегство“ излезе од печат на крајот на 2021 година, во издание на Паблишер, и веќе заживува меѓу македонските читатели. Во неа секој човек ќе ги пронајде вистинските одговори по кои трага. Промотор на настанот ќе биде Мишел Павловски, кој го напиша и поговорот во книгата. Се чини дека тој ја доживеал оваа поезија на начинот на кој била создадена успевајќи да проникне во нејзината суштина. Време е непосредно да ја доживее и книжевната публика.

Настанот се одржува на отворено. Таму се наоѓа „Местото за бегство“ од отуѓената реалност и влезот во еден поинаков свет во кој владее убавата поезија.

Текстот Промоција на книгата песни „Место за бегство“ на Вања Изова Велева е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“