Утрински Весник
Македонија

23-годишно момче загина на скопската обиколница

На 30.05 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат – обиколница во Скопје, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х.Ч.(23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Учество на министерот Муцунски на вториот министерски состанок на балканската платформа за мир во Истанбул

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември, сега е појасно 

Приведена полицајка која открила дека полицијата ќе извидува со дрон