Утрински Весник
Култура

Претставата „Разведи ме“во режија на Роберт Ристов гостува во Белград

Утревечер од 19:00 часот во Театар 78 – Белград, гостува претставата „Разведи ме“во режија на Роберт Ристов, а во продукција на приватниот театар – „Театар Провокација“. Ова гостување е во сколоп на „Денови на македонската култура во Белград“, организирано од страна на здружението „Македониум“ од Белград.

„Разведи ме“ е претставата која дефинитивно имаше рекорден број на изведби во последните три месеци, во однос на сите останати претстави во македонска продукција. До сега се одиграни вкупно 20 изведби, од кој неколку беа гостувања низ регинот (Вараждин, Сараево, Бања Лука и Шид), а на 11.05. беше одиграна и премиераната изведба на „Пациенти“ во режија на Ѓорѓи Ризески.

По гостувањето во БЕЛГРАД следуваат уште неколку изведби на отворено, во склоп на културните лета во регионот.

Ова е претстава која експлицитно го отвара проблемот со неверството, како една од причините за разводот и се бави со се она што го носи процесот на разводот. Ги отвара прашањата: Дали љубовта е прекидачот на нашата среќа? Дали воопшто може да се прости неверството на партнерот? Дали простувањето на неверството е погазување на себе си и своите чувства. Дали треба да се остане во брак заради децата?

Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Зорица П. Панчиќ, Љубиша Савановиќ и Благоја Чоревски Чоре. Продукција: Театар Провокација

ПР

Текстот Претставата „Разведи ме“во режија на Роберт Ристов гостува во Белград е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“