Утрински Весник
Спорт

Катастрофа за Еибар, Ваљадолид и Алмерија се вратија во Примера

Клубот на славниот Бразилец Роналдо, ВЦањадолид, по една година се врати во Примера. Заедно со Ваљадолид промоција во елитното друштво на шпанскиот фудбал избори и Алмерија.

Во последното коло, во Сегунда, вистинска катастрофа доживеа Еибар. Еибар гостуваше кај последнопласираниот Алкоркон, доживеа пораз 1:0, а само бод му беше потребен директна промоција во Примера.

Алмерија одигра 2:2 со Леганес во Мадрид, а Вањадолид со 3:0 ја победија Уеска.

Еибар, заедно со Лас Палмас, Тенерифе и Џирона ќе игра во плејофот, по кој ќе биде познат последниот патник во Примера.

> Катастрофа за Еибар, Ваљадолид и Алмерија се вратија во Примера <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД