Утрински Весник
Македонија

Невремето сруши потпорен ѕид во Пинтија, скопските служби се на терен

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски на семафорите во скопската населба Пинтија.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување е поројниот дожд кој го зафати Скопје.

„Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата“, велат од Град Скопје.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка