Утрински Весник
Економија

„Блумберг“: Бугарија ќе добие одложување на ембаргото за руска нафта

Бугарија ќе добие одложување на ембаргото за руската нафта до јуни или декември 2024 година, објави „Блумберг“.

Според зборовите на извори упатени во работата, Европската комисија вчера испратила ревидиран предлог до владите, во кој снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој е главен извор на увоз на сурова нафта во Унгарија, е изземен од санкциите.

Предлогот ќе и даде на земјата повеќе време да развие техничко решение за да ги задоволи нејзините енергетски потреби, пренесе „Новините“.

Истото се однесува и на проблемите на другите земји без излез на море, вклучувајќи ги Словачка и Чешка, пишува „Блумберг“.

Можете да прочитате

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, а да нема пари за 600 евра минимална плата