Утрински Весник
Свет

Eрдоган: Додека сум јас претседател на Турција, Шведска и Финска нема да можат да влезат во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека минатонеделните разговори со шведската и финската делегација „не биле на очекуваното ниво“, додавајќи дека Анкара не може да го одобри нивното барање за влез во НАТО.

„Се додека Тајип Ердоган е на чело на Турција, дефинитивно не можеме да кажеме „да“ на земјите кои го поддржуваат тероризмот“, рече Ердоган.

Без поддршка од сите членки на НАТО, Шведска и Финска не можат да се приклучат на воената алијанса.

И Шведска и Финска негираат дека ги поддржуваат курдските милитанти, кои Ердоган ги смета за терористи. Но, и Финска и Шведска се приклучија во воведувањето ембарго за оружје на Турција, откако Ердоган нареди операции против курдските групи во Сирија.

Можете да прочитате

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024