Утрински Весник
Спорт

Јокиќ по НБА кариерата сака да стане дресер на коњи

Никола Јокиќ, двократниот МВП на НБА лигата при посетата на Шведска откри дека неговиот сон по крајот на кошаркарската кариера е да биде дресер на коњи.

Јокиќ е во Шведска за „Елитлопет“, елитната коњичка трка, и вели дека по пензионирањето сака да се врати во својот Сомбор во Србија и да се посвети на својата втора љубов, коњите.

„Сонувам да се вратам во Србија и да бидам дресер. Мојата земја, за жал, е една од најлошите во ваквите тротинг трки и има можеби 150 такви коњи. Но, многу е забавно“, изјави Јокиќ.

Не е голема тајна дека Јокиќ има огромна љубов кон коњите. Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун беше на гости во Србија овој месец за да му ја додели втората МВП награда, која Јокиќ ја доби во својата штала.

Пред шталата во Сомбор Јокиќ го доби трофејот МВП

> Јокиќ по НБА кариерата сака да стане дресер на коњи <

Можете да прочитате

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Нереди во Аргентина по финалето на СП, десетици уапсени

Шпанија е светски шампион – Аргентина падна во големото финале