Утрински Весник
Свет

Фотографии на поранешен германски канцелар украдени од Бундестагот

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој беше во центарот на медиумското внимание во последните неколку недели поради останувањето на функцијата во руската компанија, сега стана мета на крадец.

Пет уметнички дела од приватната сопственост на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии. Ова се дела на уметникот Уве Бремер и еден неименуван кинески уметник.

Овие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.

Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер поднел кривична пријава против непознати лица.

Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“