Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта да покаже зрелост да не го блокира заемот од Светската банка за поддршка на општините

Dik 300x250 mk

Моментално комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата и многу скоро од денеска ќе излеземе со амандмани за ребалансот на Буџетот кои ќе бидат доставени во Парламентот. Дел од тие амандмани ќе бидат произлезени од народот и потребата на народот како подобра инфраструктура, паркови, спортски игралишта, канализација, водовод и подобри услови за живот за граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека очекува власта да покаже зрелост и да ги поддржи амандманите кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и со истите да не се однесува неодговорно како што во моментов го кочи заемот од Светска банка за поддршка на општините во Македонија.

„ Очекувам од страна на владата одговорност и зрелост да ги поддржи тие амандмани, нешто што не е во случајот актуелно со заемот од Светска банка од 63 милиони евра кој го почнале уште во февруари 2021 мислејќи дека ќе победат градоначалниците на СДСМ на локални. И така секоја општина добива одредена сума на пари од Светска банка, потребни за подобрување на инфраструктурата. СДСМ доживеа дебакл на изборите и го кочи овој заем. Помина на комисија и сега Талат не ја става на пленарна седница, изјави Мицкоски.

Посочи дека со тој заем Гази Баба треба да добие отприлика милион евра и ако сега се вложени рекордни 50 милиони во асфалтирања на улици, ќе има нови 60 милиони денари за нови улици, канализација, водовод.

„ Но, тоа не доаѓа на дневен ред, наместо тоа има лиценца за втора лотарија. Тоа што е потреба на граѓаните, не доаѓа на дневен ред, приоритет има се поединци. Ги повикуваме и Талат и останатите да се надминат и да ја стават точката на дневен ред за луѓето да можат да добијат нови улици и тие во Гази Баба и Струга, Струмица и другите општини. Нека се покажат станува збор за 63 милиони евра кои ќе го подобрат животот на граѓаните, потенцираше Мицкоски.

Можете да прочитате

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај