Утрински Весник
Свет

Убиени шест милитанти, полицаец и новинарка во Кашмир

Индиските безбедносни сили убиле шест милитанти во Кашмир во изминатите 24 часа, додека екстремисти убиле телевизиски новинар и еден полицаец, соопштија денеска локалните власти.

Судот во Њу Делхи вчера го осуди сепаратистичкиот лидер на Кашмир, Јасин Малик, на доживотен затвор за финансирање „терористички“ активности и други злосторства, објави „Ројтерс“.

Продавниците и фирмите во Кашмир останаа затворени втор ден по ред поради протестите поради пресудата, додека полицијата приведе 10 лица бидејќи фрлале камења и извикувале разни пароли пред домот на Малик.

Индија и Пакистан држат делови од Кашмир и ја сметаат територијата за своја.

Можете да прочитате

ЕУ има идеја како да се одблокира Ормутскиот теснец

Соработник на Путин: Барел нафта наскоро ќе чини над 150 долари

Израел го уништил авионот на Хамнеи