Утрински Весник
Свет

Блинкен: Ќе му помогнеме на Киев да ги гони воените злосторства

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави формирање на нова британска, американска и група на ЕУ, која ќе му помогне на украинскиот државен обвинител да ги документира, како што рече, воените злосторства и другите бруталности регистрирани во Украина.

„Новиот механизам, наречен Советодавна група за криминал (АЦА), ќе обезбеди стратешки совети и оперативна помош на Единицата за воени злосторства на Украинското обвинителство, легално конституирано тело задолжено за гонење воени злосторства и други злосторства во Украина“, Блинкен, пренесе Си-ен-ен.

Иако САД и нивните сојузници ги поддржуваат меѓународните напори да се изведат одговорните пред лицето на правдата, украинското обвинителство ќе игра клучна улога во обезбедувањето на одговорните за воените и другите злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата.

Можете да прочитате

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра

Франција го отфрли новиот предлог за буџет на ЕУ од кој беа одбиени 204 милијарди евра

Два напада врз танкери во близина на Оман