Утрински Весник
Свет

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор и Турција се уште се противи на приемот на двете скандинавски земји во НАТО.

Според турскиот портпарол, претседателот Ибрахим Калин, процесот на проширување на НАТО со скандинавските земји не е можен додека не се решат безбедносните грижи на Турција.

На состанокот беше истакнато и дека Турција забележала позитивен став кон укинување на ембаргото за оружје.

– На оваа средба видовме позитивен став кон укинувањето на ембаргото за производите од одбранбената индустрија, што е пријатен развој – рече Ибрахим Калин.

Да потсетиме, Шведска и Финска го забранија извозот на оружје во Турција по нејзиниот упад во Сирија против сириската курдска милиција ЈПГ. Анкара смета дека групата е идентична со ПКК, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток