Утрински Весник
Спорт

Салах: Oстанувам во Ливерпул следната сезона, мотивиран сум за одмазда против Мадрид!

Dik 300x250 mk

Мохамед Салах ги израдува навивачите на Ливерпул пред саботното финале од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, потврдувајќи дека нема шанси да си замине од „Енфилд“ ова лето.

29-годишниот Салах, кој ја споредли наградата како најдобар стрелец во Премиерлигата со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, има договор со Ливерпул до крајот на 2023, а околу неговата иднина има големи шпекулации откако уште го нема продолжено договорот со тимот на Јирген Клоп.

„Фокусиран сум на тимот и не сакам да зборувам за мојот договор. Но, останувам следната сезона, тоа е сигурно. Не сакам да се фокусирам на договорот, не сакам да бидам себичен. Кажав пред два месеци, дека сега е до клубот. Ова е многу важна недела за нас, така што сакам да се фокусирам на тоа и да ја освојам Лигата на шампионите повторно“, вели Салах.

Тој уште еднаш потврди дека е подготвен за „омазда“ против Реал Мадрид по поразот во финалето во 2018 во Киев, кога беше повреден по дуел со Серхио Рамос.

„Многу сум мотивиран, посебно по тоа што се случи во неделата во Премиерлигата, сите сакаме титула од Лигата на шампионите. Тоа што бев повреден по 30 минути против Мадрид минатиот пат беше најлошиот момент во мојата кариера“, објасува Египќанецот.

> Салах: Oстанувам во Ливерпул следната сезона, мотивиран сум за одмазда против Мадрид! <

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс