Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да објасни што договарал со бугарските здруженија во државава, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец

Наместо од белиот дворец секојдневно да пласираат лаги и невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државава. Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведфуваат дека деновиве, во јавноста се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“. Што била целта на овие среди и што договарал Мицкоски, тоа треба да каже тој самиот, наместо да се крие зад соопштенија од белиот дворец.

Владата предводена од СДСМ по прашањето со Бугарија постапува сериозно и одговорно, заштитувајќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во Собранието.

Ниту за Гоце Делчев, ниту за јазикот, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет денеска е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва на патот Гостивар – Скопје, кај ресторанот „Империјал“

Според ДУИ, Коридорот 8 е резултат на нивната работа

Филипче: Приоритет на СДСМ е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка и поседуваат капацитет да ја остварат програмата