Утрински Весник
Македонија

Приведен малолетник од Скопје, со остар предмет нападнал вработена во аптека и одзел пари

Синоќа во 19.30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје.

Тој, според полицијата, извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.

Парите се вратени на оштетената, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Ако ги затворите легалните игри на среќа, ќе се игра во подруми – АСОМ со писмо до политичарите

Кузеска: Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка?

Нови обвиненија во „Адитив“: Меѓу обвинетите и претседателка на ДКСК – злоупотреби, перење пари и одавање службени тајни