Утрински Весник
Македонија

„Мерцедес“ удрил во 79-годишна жена од Неготино

Вчера утрото во 10,30 часот во Неготино на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.М. (50) од Неготино, удрило во В.Т.(79) од Неготино.

Со тешки телесни повреди се здобила В.Т., која била пренесена во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Приведен кичевчанец, под дејство на алкохол пукал со огнено оружје

Акциски контроли на подрачјето на Центар, констатирани повеќе прекршоци

Кирјас со остар настап пред европските либерали – 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост