Утрински Весник
Култура

13-то из­да­ние на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“

Во полн ек се под­го­то­вки­те за 13-то из­да­ние на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“, единс­тве­ни­от од ва­ков тип кај нас, кој е ре­фе­рент­на точ­ка за си­те вљу­бе­ни­ци во кла­сич­на­та ги­та­ра. Го­ди­на­ва ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за ги­та­ра „Тре­мо­ло“ го ре­а­ли­зи­ра сво­е­то 13-то из­да­ние од 1 до 8 јуни, во ор­га­ни­за­ци­ја на Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“, со под­др­шка на Град Скоп­је.

На за­до­волс­тво на пуб­ли­ка­та, и го­ди­на­ва ќе се одр­жат не­кол­ку кон­цер­ти, тра­ди­ци­о­нал­ни­от ин­тер­на­ци­о­на­лен нат­пре­вар за кла­сич­на ги­та­ра во си­те уче­нич­ки, сред­но­школ­ски и сту­дент­ски ка­те­го­рии, ка­ко и ма­стер­ча­со­ви, информира организаторот.

Натпреварите ќе се одржуваат онлајн од 1- 5 јуни, а во интернационалното жири годинава членуваат врвни музички професионалци: Џевдет Сахатџија, Стефан Трифан, Хозе Карлос Гомез, Стела Динкова, Зоран Анич, Ерхан Мујка, Борче Наумовски и Љубомир Наќевски.

Во живо ќе се одржат неколку концерти.

Првиот е на 4 јуни на гитаристот Лука Романели, минатогодишен победник на „Тремоло“, во „Даут пашиниот амам“ во 19,30 часот. На 6 јуни концерт ќе одржи Милош Вуковиќ во Музејот на македонска револуционерна борба од 19.30 часот. На 7 јуни е закажан концертот на Хозе Карлос Гомез во Македонската филхармонија од 19,30 часот. Последниот во серијата концерти е на 8 јуни на Горан Кривокапиќ во Македонската филхармонија во 19,30 часот.

Инаку, овој фе­сти­вал, според информации од орагнизаторот е прв по­све­тен на умет­но­ста на кла­сич­на­та ги­та­ра во на­ша­та зем­ја. Низ го­ди­ни­те пре­рас­на во пре­стиж­на кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја што ги обе­ди­ну­ва љу­би­те­ли­те на кла­сич­на­та ги­та­ра. Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“ има дол­га и бо­га­та тра­ди­ци­ја во од­нос на ор­га­ни­за­ци­ја­та на го­лем број кул­тур­ни на­ста­ни и ма­ни­фе­ста­ции, за кои све­до­чат мно­гу­број­ни­те приз­на­ни­ја и на­гра­ди, а со овој фе­сти­вал, кој е под­др­жан и од Град Скоп­је, ја збо­га­ти до­маш­на­та кул­тур­на сце­на.
Во те­кот на из­ми­на­ти­те го­ди­ни мно­гу еми­нент­ни со­ли­сти и пе­да­го­зи, свет­ски поз­на­ти умет­ни­ци од об­ла­ста на кла­сич­на­та ги­та­ра, при­до­не­соа овој фе­сти­вал да ста­не пре­поз­нат­лив со сво­ја­та уни­кат­ност. Се­кое из­да­ние од овој фе­сти­вал е сво­ја при­каз­на, инс­пирaци­ја за мла­ди­те ге­не­ра­ции во нив­на­та кул­тур­на фор­ма­ци­ја. Со ус­пеш­на­та ре­а­ли­за­ци­ја на фе­сти­ва­лот „Тре­мо­ло“, Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“ учес­тву­ва во раз­во­јот на овој тип умет­ност во на­ша­та зем­ја. Ус­пе­хот е на­чин на мис­ле­ње и на­ви­ка и тој до­а­ѓа ко­га ра­ка­та, ср­це­то и мо­зо­кот ра­бо­тат за­ед­но! Ние сил­но ве­ру­ва­ме во свет­ла­та ид­ни­на на фе­сти­ва­лот.
Со ус­пеш­на­та ре­а­ли­за­ци­ја на фе­сти­ва­лот „Тре­мо­ло“, ДКЦ „Кар­пош“ да­ва го­лем сти­мул и под­др­шка за раз­вој и про­мо­ци­ја на овој вид умет­ност во зем­ја­та, посочуваат организаторите.

Текстот 13-то из­да­ние на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“