Серхио Родригез од следната сезона повторно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. „Мундо Депортиво“ пренесува дека искусниот плејмејкер по шест години повторно ќе игра во Шпанија и дека приоритет му бил, да се врати со семејството во родната земја.
Претходните три години Чачо Родригез го носеше дресот на тимот на Армани Милано, каде во сезоната зад нас имаше просек од 8,3 поени и 4,4 скока на натпреварите во Евролигата.
Во Реал ги постигна најголемите успеси и на тимски и на индивидуален план.
За шест години, колку што го носеше дресот на „кралскиот клуб“, Родригез ја освои Евролигата, беше прогласен за МВП на најсилното европско натпреварување и беше избран во идеалната петорка.
Во Шпанија со Реал беше трикратен шампион, а исто толку пати беше избран и во идеалниот тим на АЦБ лигата.
Во Армани е од 2019 година, каде што дојде по две сезони минати во ЦСКА.
> Чачо се враќа дома <