Утрински Весник
Свет

Убиен чувар во амбасадата на Катар во Париз

Во катарската амбасада во Париз денеска е убиен чувар, а во рамките на истрагата е уапсено едно лице, соопшти обвинителството во Париз, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.

„Можеме да потврдиме дека денеска е отворена истрага за обвинението за убиство и дека допрва треба да се утврдат околностите за смртта на чуварот“, соопшти обвинителството, додавајќи дека се уште не е јасно дали оружјето било употребено, пренесува Ројтерс.

Еден чувар е убиен во раните утрински часови во инцидент кој се чини дека нема никаква врска со тероризам, изјавил за Ројтерс извор близок до истрагата, додавајќи дека осомничениот влегол во амбасадата околу 6:30 часот и се скарал со чуварот и му задал смртоносен удар со тупаница.

Можете да прочитате

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците ширум Италија

Ким Џонг-ун бара „апсолутна супериорност“ во технологијата на воени дронови

Историски преседан: Папата Лав XIV гласаше по пошта на американските избори за Конгресот