Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари

Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.

Од партијата потсетуваат дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.

Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“