Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ферстапен триумфираше во Шпанија, болидот му откажа на Леклер

Dik 300x250 mk

Макс Ферстапен е победник на Формула 1 трката за Големата Награда на Шпанија. Тој профитираше од проблемите со болидот кои ги имаше Шарл Леклер и кој не ја заврши трката на која тргна од пол-позицијата како и од тимската одлука на Ред Бул од каде му беше практично наредено на Серхио Перез да го пропушти на лидерката позиција во 48. круг. До крајот Ферстапен одана на водечката позиција и со овој триумф го презеде лидерското место во генералниот поредок.

За Холанѓанецот ова е четврта победа сезонава.

Серхио Перез заврши на втората позиција, а пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше третопласиран.

Луис Хамилтон заврши на петтата  позиција откако во првиот круг имаше удар со Кевин Магнусен, беше последен, но со одлично возење успеа да одработи висок пласман.

> Ферстапен триумфираше во Шпанија, болидот му откажа на Леклер <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути