Утрински Весник
Свет

Орбан: Европските санкции кон Русија се како атомска бомба

Dik 300x250 mk

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија и Србија можат да сметаат една на друга во ситуација на галопирачка инфлација во Европа, кога демне глад во светот, зголемени цени и кризи предизвикани од војната во Украина и ги спореди санкциите на Брисел кон Русија со атомски бомба, објавија медиумите во регионот.

Добрата вест е што, врз основа на претходните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ, Унгарија може да смета на Србија, а Србија на Унгарија бидејќи и двете земји се земјоделски силни и ќе бидат осигурани во однос на прехранбените производи, рече Орбан на земјоделскиот саем во Нови Сад.

Унгарскиот премиер рече дека Будимпешта не се согласува со економски неприфатливите мерки кои се усвојуваат во Брисел, споредувајќи одредени санкции против Русија со атомската бомба и предупреди дека тоа може да донесе нов мигрантски бран.

Зборувајќи за војната во Украина, Орбан нагласи дека на Србија и е тешко затоа што не е членка на Европската Унија, а на Унгарија затоа што е членка на Унијата.

Можете да прочитате

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо