Утрински Весник
Свет

Русија му забрани влез на Бајден: „Властите на САД поттикнуваат русофобија“

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден.

Забраната се однесува и на државниот секретар Ентони Блинкен и на шефот на ЦИА Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на руското МНР се нагласува дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека непријателските дејствија ќе продолжат да добиваат соодветен одговор, пренесува РИА Новости.

„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.

Забраната доаѓа откако Бајден денеска го потпиша пакетот помош за Украина од речиси 40 милијарди долари.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел