Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Што зборувал Џафери со контроверзните чеченски ликови блиски до режимот во Кремљ?

Собранискиот спикер Талат Џафери влегува од скандал во скандал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин“, посочуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ.

„Џефери на 10. јули 2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја-членка на НАТО“, прашуваат од партијата од каде се во дилема и за тоа што разговарал Џафери со Чеченците.

„Според информациите во странски медиуми гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!