Утрински Весник
Свет

Русија: Целосно го зазедовме „Азовстал“, се предадоа и последните украински милитанти

Dik 300x250 mk

Русија објави дека целосно ја зазела територијата на фабриката за челик „Азовстал“, во која беа позиционирани последните украински бранители на Мариупол.

„Територијата на ‘Азовстал’ е целосно ослободена“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал’ во Мариупол, каде што група украински милитанти од нацистичката формација ‘Азов’ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Подземните објекти на фабриката се под контрола на руски војници, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Руското Министерство за одбрана објави дека од 16 мај 2.439 неонацисти од ‘Азов’ и украински војници заглавени во фабриката го положиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предаде денеска“, објави руската државна новинска агенција „РИА новости“.

За потсетувањее, денеска командантот на украинскиот полк „Азов“, Денис Прокопенко, ѝ се обрати на јавноста и ѝ рече дека во „Азов“ добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да им ги спасат животите на борците.

Според него, сите цивили од „Азовстал“ биле евакуирани, а на тешко ранетите војници им била укажана лекарска помош. Тие мора да бидат однесени во област под украинска контрола, смета тој.

„Во тек е отстранувањето на телата на загинатите бранители на Мариупол“, додаде Прокопенко.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор