Оскаровката Ема Стоун, ѕвезда на „Ла Ла Ленд“, ја стави на продажба својата куќа во Малибу за 4.2 милиони долари.
Речиси четири години откако го купи имотот покрај океан за 3.25 милиони долари, 33-годишната актерка реши да го огласи на пазарот на недвижности, објави „Волстрит журнал“.
Еднокатната куќа од 157 квадратни метри се простира на имот со површина од 1.300 квадрати, во луксузната област Саут Калифорнија.
Агентот на Sotheby’s International Realty, Ерик Лејви, ја опиша куќата за весникот како „класичен калифорниски среден век од 1958 година што виси над Пацификот и куќа на плажа во Малибу што би ја избрале за филм на Ненси Мејерс.“
Домот на убавицата вклучува извонреден поглед на градскиот пејзаж на Лос Анџелес, Тихиот Океан и островот Каталина и е во непосредна близина на пешачките патеки и плажата.
Има и трпезарија на отворено, која е покриена со дрвја од еукалиптус и јука, како и двор со панорамски поглед на брегот.