Утрински Весник
Македонија

Крадец од Скопје украл мотоцикл, украденото било вратено на сопственикот

Синоќа во 20.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 05.05.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото.

Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики