Утрински Весник
Свет

Северна Кореја тврди дека бележи добри резултати во борбата против епидемијата

Северна Кореја денеска објави дека постигнува „добри резултати“ во борбата против првата потврдена појава на корона вирусот, додека бројот на заболени од крајот на април, кога луѓето почнаа да се разболуваат, надмина два милиони.

Пјонгјанг објави дека се регистрирани 263.370 случаи на симптоми на „треска“ и уште два смртни случаи, така што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 2,24 милиони, а 65 починале, пренесе државната агенција КЦНА.

Сепак, од оваа бројка на пациенти не се знае точно колку е позитивен на корона вирусот.

И покрај големиот број случаи, Северна Кореја продолжува со земјоделските работи, фабриките работат, а ќе се одржи и планираниот погреб на поранешниот висок генерал на таа земја.

Можете да прочитате

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција