Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвавата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера зборувајќи пред украинските студенти рече дека се уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.

Во регионот Чернихив северно од Киев, Русите го нападнаа селото Десна, при што загинаа многумина, рече украинскиот претседател во ноќното обраќање.

-Постојани се ударите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – градот не постои и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија. Ова е намерен и криминален обид да се убие што повеќе Украинци. Уништија што е можно повеќе куќи, социјални објекти и бизниси. Тоа е она што ќе го квалификува геноцидот врз украинскиот народ и зошто окупаторите дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата – рече тој.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови