Утрински Весник
Свет

Русија: Киевскиот режим подготвува провокација, ќе пука по случаен избор

Dik 300x250 mk

„Режимот во Киев подготвува провокација со употреба на минофрлачи што пукаат по случаен избор во регионот Суми за да ја провоцира руската страна да возврати со оган врз станбените згради“, изјави шефот на Националниот центар за управување со руската одбрана, генерал полковник Михаил Мизинцев.

„Припадниците на екстремистичките баталјони планираат да пукаат на граничната територија на Русија од приватни куќи за да предизвикаат возвратен оган врз станбените згради и цивилите што ги чуваат внатре“, рече Мизинцев, пренесува „Спутник“.

Шефот на Националниот центар за управување со руската одбрана тврди дека украинските сили ги одредуваат позициите во училиштата, поставуваат артилериско оружје и повеќецевни ракетни фрлачи и насилно ги држат жителите на околните згради во подруми.

Можете да прочитате

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција

Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас