Утрински Весник
Свет

Талибанецот, за кој САД нудат 10 милиони долари да го фатат: Ги чуваме непослушните жени дома

Авганистанскиот министер за внатрешни работи и помошник заменик-лидерот на талибанците Сираџудин Хакани се појави пред камерите на Си-Ен-Ен во Кабул, само неколку месеци откако за прв пат го покажа своето лице во јавноста.

Запрашан за авганистанските жени кои велат дека се плашат да ги напуштат своите домови под талибанско владеење, Хакани низ смеа рече: „Ние ги чуваме непослушните жени дома“.

Откако репортерот побара да го разјасни својот коментар, тој рече: „Кога реков палави жени, тоа беше шега што се однесуваше на оние палави жени кои контролираат некои други партии да ја преиспитаат актуелната власт“.

Хакани, исто така, рече дека на жените ќе им биде дозволено да работат во согласност со „талибанското толкување на исламскиот закон и националните, културните и традиционалните принципи“.

Дозволено им е да работат во нивните рамки“, рече тој. Тој вели и дека во авганистанската влада нема никој против образованието на девојчињата.

– „Многу наскоро ќе слушнете многу добри вести за ова прашање, ако даде Господ“, додаде тој, без да прецизира временска рамка.

Соработниците на Хакани изјавија дека ова интервју е обид да се отвори ново поглавје во односите со САД и светот.

Можете да прочитате

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори

Јулија Свириденко е нова премиерка на Украина

Кои се Друзите? – 24info.mk