Утрински Весник
Свет

Бајден: Шведска и Финска ги исполнуваат сите услови за влез во НАТО

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека Шведска и Финска ги исполнуваат сите услови за влез во НАТО.

„Денес со гордост потврдувам дека ја имаат поддршката од Соединетите Држави“, рече Бајден по приемот на шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто во Белата куќа.

Бајден рече дека Соединетите Држави ќе соработуваат со Финска и Шведска за да се спротивстават на каква било агресија на која може да бидат изложени за време на процесот на пристапување во НАТО.

– Кога новите членки ќе влезат во НАТО, тоа не е закана за ниту една земја. И таа никогаш не била. Задачата на НАТО е да се брани од агресија – рече Бајден.

Соединетите Американски Држави со поканата на претставниците на двете земји во Вашингтон ден по поднесувањето на официјалните кандидатури за членство во НАТО, покажаа нетрпеливост кога станува збор за проширување на Алијансата, пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови