Утрински Весник
Свет

Премиерот на Италија апелираше за итен прекин на огнот во Украина и олеснување на преговорите

Италијанскиот премиер Марио Драги, денеска, повика на итен прекин на огнот во Украина за да се овозможат преговори.

„Мора да се постигне прекин на огнот што е можно побргу“, рече Драги во обраќањето пред Сенатот, горниот дом на италијанскиот парламент, отворајќи дебата за улогата на Италија во поддршката на Украина, која создава растечки тензии во владејачкото мнозинство.

Премиерот Марио Драги наведува дека е важно да се задржи притисокот врз Русија преку економски санкции бидејќи Москва мора да биде доведена на преговарачка маса, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина