Утрински Весник
Свет

Заврши истрагата на полицијата – Борис Џонсон казнет

Dik 300x250 mk

Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети затоа што се собраа во канцеларијата на Џонсон, кога тој го прослави својот 56-ти роденден во јуни 2020 година, во време кога друштвените собири беа забранети, пренесе РТС.

Откако дознаа за забавата, опозицијата, но и некои политичари од Конзервативната партија побараа оставка на Џонсон.

– Нашата истрага беше темелна и целосна, и беше завршена најбрзо што можевме, со оглед на количината на информации што требаше да се обработат и важноста да се обезбедат силни докази за секоја напишана реченица. Истрагата сега е завршена – соопшти лондонската полиција.

Полицијата вели дека казните се напишани во врска со осумте датуми кога се случиле различни настани во Даунинг стрит и некои други владини канцеларии, во периодот од мај 2020 година до април 2021 година, кога биле на сила ковид мерките.

Меѓу осудените имало 53 мажи и 73 жени, а некои добиле и повеќе од една казна.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија