Утрински Весник
Економија

УЈП: Преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари во првото тримисечие од годинава

Ss2

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првото тримесечие во оваа година.

„Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ‘Мој ДДВ’ со цел навремена исплата“, се наведува во соопштението на УЈП.

Ss1

Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечие, или 7.200 денари годишно по лице.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041.591 фискална сметка.

Според УЈП, вкупниот број на регистрирани корисници на „Мој ДДВ“ досега изнесува 457.090 корисници.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром