Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти болни од рак оставени без терапија, владата и министерот загрозуваат десетици животи

90 пациенти на кои им е потребна биолошка терапија за колоректален, оваријален и цервикален карцином цел месец не можат да ја примат потребната терапија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пациентите немаат примено терапија затоа што МЗ не распишало тендер за набавка на лековите.

Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија.

Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии.

Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе?

Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да пати и страда заради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајаз?!

За влез во Грција се чека околу 15 минути

На Табановце запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари