Утрински Весник
Македонија

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

МПЦ ја прифати поканата на СПЦ за заедничка литургија. Одлуката вчера ја донесе Светиот синод на МПЦ.

Поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан и тројцата највозрасни митрополити денеска во Белград ќе имаат заедничка литургија со српскиот патријарх Порфириј и српските архиереи.

Владиката Тимотеј очекува до крајот на месецот да се заокружи постапката со нашето барање автокефалност, како предлог на Српската црква и со согласност на сите православни цркви.

Пред два дена, Српската православна црква соопшти дека го обновува канонското единство со Македонската црква-Охридска архиепископија и признава статус на најширока автономија.

Од МПЦ тврдат дека во барањето автокефалност никогаш не сe откажале од Македонска во името на нашата црква.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите